|
Фирмата Аутомобиле СК е основана во април 1997 година. Целта на нејзиното основање е вршење увоз на возила и резервни делови од продажната програма на Групацијата Фиат Ауто и пружање комплтна услуга на задоволство на купувачот во продажбата и пост продажбата.
Освен новиот сервисно-продажен центар во чиј состав спаѓаат двата ексклузивни продажни салони за Фиат и Алфа Ромео, магацинот за оригинални резервни делови, сервисот за поправка на возилата Фиат, Ланча и Алфа Ромео опремен со најсовремена апаратура и обучен персонал, како и најсовремено опремена автолакирница, Аутомобиле СК има продажна мрежа составена од овластени дилери и сервисери низ Републиката.
“Аутомобиле СК” ја следи тенденцијата на принципалот Фиат Ауто – добро обучен професионален персонал кој ќе ви понуди квалитетна и брза услуга, како за постоечките, така и за сите модели од групацијата Фиат Ауто кои во иднина ќе се најдат во продажните салони на “Аутомобиле СК”, и секако на патиштата низ нашава земја.
Повелете посетете нé! |