Friends link: air max 95 coogi

 


Трета година по ред Фиат Автомобили го освојува првото место во Европа

Трета година по ред Фиат Автомобили  го освојува првото место во Европа
во намалувањето на емисијата на CO2

Во конкуренција на десет најпродавани автомобилски марки во Европа, трет пат по ред, Фиат Автомобили е брендот кој забележа најниска просечна вредност  на емисија на CO2 кај неговите автомобили кои се продаваа во текот на 2009: 127,8 g/km (во 2008 беше 133,7 g/km). Признанието доаѓа од фирмата JATO, светски лидер за советување и истражување на автомобилското поле создадена во 1984 и присутна во преку  40 земји. Поточни, Fiat е пред Toyota (130,1 g/km), Peugeot (133,6 g/km), Renault (137,5 g/km), Citroen (137,9 g/km), Ford (140,0 g/km), Opel/Vauxhall (148,9 g/km), Volkswagen (150,4 g/km), AUDI (160,9 g/km) и Mercedes (176,4 g/km).


Групацијата Fiat е прва според постигнатите резултати и во класификацијата по групи (131,0 g/km), пред Toyota, PSA, Renault и Hyundai. Најголем придонес за успехот на Групацијата секако има брендот Fiat, по него следи одличниот резултат на марката Alfa Romeo, чие просечно намалување на 18,3 g/Km и продадени 109.542 автомобили го комплетира целосното намалување во гамата.

Но, ангажирањето на Fiat,  не застанува тука и понатаму е насочено кон остварувањето на реалните потреби на луѓето. Еколошкиот примат е остварен благодарение на долгорочна стратегија која се заснова на две фундаментални оски: од една страна е збирот на технолошки решенија насочен кон содржината на потрошувачките и мисиите; од друга страна тука е насочување на корисниците кон поодговрно користење и еко-компатибилност на автомобилот.


Единствените и ексклузивни мотори како што е најновиот двоцилиндричен Twin-Air кој дебитира на Саемот во Женева кој се одржува од 4 до 14 март 2010. На овој настан јавноста ќе може да го види моторот на моделот Fiat 500 – првиот Fiat на кој ќе биде вградуван од септември со работна зафатнина од 900 ccm, 85 коњски сили и емисија на CO2 од 95 g/Km – карактеристики кои го прават референтна точка во категоријата.

Иновативните решенија кои денес се на располагање од технологијата Multiair за бензинските мотори кои благодарение на новиот електросистем за електро-хидраулично отворање на вентилите гарантира постојано оптимално согоровување со намалување до 25% на емисиите на CO2 и истовремено зголемување за 10% на моќноста на моторот.


Авангардна технологија среќаваме и на полето на дизел моторите, co 1.3 Multijet од втората генерација со моќност до 95 КС. Благодарение на 8 вбризгувачи по циклус, 1.3 Multijet II овозможува подобрување на максималниот вртежен момент до 25% co намалување од 6% на емисиите на штетните гасови.

Фундаментален придонес за ваквиот резултат даде извонредниот пораст на метанот, најеколошко и најекономично гориво денес на пазарот. Долгорочен план започнат пред десетина години кој на Fiat му го донесе лидерското место во Европа, како што и покажуваат продадените 350.000 возила до денес и гама од 7 автомобили кои може да задоволат каква и да е потреба за движење. 

Инаку, Fiat предлага и алтернативни еко-технолошки решенија кои не се тесно поврзани со моторот, како што е системот Start&Stop, широко воведен во гамата Euro 5, кој го управува привременото гаснење на моторот и следственото повторно стартување со неколку фази на функционирање на минимум кога возилото не се движи: така се добива просечно намалување на потрошувачките до 12% во градско возење.

Втората стратешка оска на Fiat на полето на заштитата на човековата околина произлезе од чувствителноста на корисниците кон сè поодговорното и еко-компатибилно користење на автомобилот. Од ваквата филозофија создаден е eco:Drive, иновативен софтвер кој овозможува, преку внесување на USB стик во системот Blue&Me – да се анализира однесувањето на возачот и да му се помогне да го подобриначинот на возење со цел да се намалат потрошувачките и емисијата на штетни гасови.

 

Софтверот е лансиран во 2008 и до денес достигна бројка од  100.000 симнувања од интернет (бесплатно може да се симне од страницата www.fiat.com/ecodrive) и веќе  35.000 корисници активно го користат. Тоа е огромен успех во однос на јавноста, но пред сè огромен успех за заштита на околината доколку се знае дека заедницата eco:Ville глобално заштеди речиси 3.000 тони CO2. Инаку, системот од скоро беше збогатен и со eco:Drive Fleet, нова верзија на софтверот наменета на возните паркови за нивно што поекономично и поефикасно користење, и која веќе дава позитивни резултати во работата на фирмите бидејќи нависта многу лесно се користи.

Торино 1° март 2010

 

Back 

Created by aleksandar on 02.03.2010

 
©2007 Аутомобиле СК, сите права се задржани