|
Светска премиера
Новото Fiat Doblò: создаден е првиот “family space”
Создадено е Новото Doblò, автомобил на Fiat што го прави просторот своја јака страна. Амбиент кој треба да се сподели со семејството и пријателите; простор кој треба да го доживее секој што сака да патува во друштво; што го избира Doblò како партнер во слободното време или пак на работа.
  
Возило проектирано да одговори на сите потреби за функционалност и комфор што и го користи на најдобар можен начин внатрешниот простор, со можност да прими до седум патници. Вистински “family space” автомобил што може да смета на содржините како што е сигурноста, штедливоста и почитување на околината на врвот во својата категорија.
Новиот модел, во однос на претходната верзија која се продаде во околу милион примероци, комплетно го обновува стилот, моторите и техничките карактеристики. Елементи што го прават Новото Fiat Doblò “best in class” како во поглед на просторот така и во поглед на намалувањето на емисиите на штетните гасови.
И сето ова благодарение на новата платформа, на поголемата просторност (co меѓуоскино растојание од 2755 mm, најширок во неговиот сегмент), со капацитет на багажникот од 790 литри, и со намалени емисии на CO2 (129 g/km co мотор 1.3 Multijet 90 КС, најниски во категоријата), со содржини за сигурност во серија и голема модуларност на ентериерот со седишта кои се спуштаат и склопуваат.
Стил и комфор
Дизајнот е особено иновативен. Предниот дел со лого во централна позиција, странични браници идеално вклопени со каросеријата, ги спојува заштитата и префинетоста додека поткрилата во продолжение на страничниот заден дел придонесува за силата и агилноста на возилото. Основните линии на задната врата го истакнуваат пристапот и димензиите на широкиот багажник; светлосните групи се транспаренти и сјајни со широки стакла на прозорците кои ја зголемуваат елеганцијата на Новото Doblò.

И ентериерот е проектиран така да нуди функционалност и создавање на пријатен и допадлив амбиент благодарение на совршено вклопените бои, материјали и пресвлеки.
Интелигентни решенија за искористување на просторот околу управувачот, разни простори за предмети, флексибилнос на ентериерот до 7 седишта, што ги задоволува потребите на секој што го користи со семејството и во друштво.
Екологија и економија
Fiat Doblò предлага 4 мотори: еден бензинец со 95 КС и три дизел Multijet со 90, 105 и 135 КС, на кои понатаму ќе им се придодадат и еден Natural Power co двојно напојување (бензин и метан) и дополнителнен дизел со роботизиран менувач Dualogic.
Сите сјајни и прогресивни кои пружаат моќност и овозможуваат задоволство, извонредни перформанси, тивкост, ниски работни трошоци (потрошувачки и одржување) како и голема доверливост и заштита на околината.
Гамата располага со 4 верзии Euro 4 и Euro 5 и го нуди во серија уредот Start&Stop, што управува со привременот гаснење на моторот во случај на запирање со што се намалуваат потрошувачките и штетните издувни гасови.

Сигурност
За да обезбеди максимално динамичко однесување, комфор и активна сигурност во сите услови на возење, на пат и на товар, возилото е опремено со иновативни механички решенија, меѓу кои се истакнува задното потпирање bi-link, предложено со различни обработки на неговите делови во функција на употреба на возилото. Држењето на пат на Doblò, е постојано и предвидливо и обезбедува примена на најновите авангардни електронски уреди за контрола на стабилноста како ABS co електронски коректор на кочењето EBD и, пред сè, ESP заедно со системот Hill-holder што му помага на возачот при тргнување на угорнини и е во серија на овој модел.
Возилото е проектирано и конструирано така да ги достигнува највисоките нивоа на пасивна сигурност, благодарение на шасијата со програмирана деформабилност, страничните воздушни завеси и иновативните предни воздушни перничиња, кои вршат заштитна функција како за пределот на главата така и за пределот на градниот кош.
Располага и со технички решенијаи содрќини кои создаваат оптимални услови за комфор и го подобруваат вниманието при возење: од автоматскиот клима уред со дистрибуција на воздухот и кон задните седишта до Cruise Control и до сензорите за паркинг, системот за гласовни команди интегриран во Blue&Me до наигаторот “Blue&Me TomTom”.
Ем ново, ем Doblò Cargo, “top” во категоријата на професионални возила
Заедно со Новото Fiat Doblò создадено е и Новото Doblò Cargo што проектирано за да биде на врвот во категоријата како по перформансите така и по функционалните карактеристики. Располага со товарен простор, поширок во однос на претходниот модел: коцкасто, правилно, потполно искористливо, опремено со лизгачки странични врати и задни врати со големи димензии, што ги олеснуваат постапките на товарење и растоварување (внатрешна должина до 2,2 метри, ширина меѓу двете тркала 1,23 метри, волумен од 3,4 до 4,2 кубни метри, носивост од 750 до 1000 Kg, комбинирана потрошувачка од 4,8 литри/100 km и автономија од 1.250 Km co моторот 1.3 Multijet), новото возило обезбедува основни придобивки во поглед на подобрувањето и содржината на трошоците за возење.
Гамата содржи 7 различни типови на шасија: фургон со кратко и долго меѓуоскино растојание, фургон со висок покрив, комби со 5 седишта со кратко и долго меѓуоскино растојание; особено се интересни неиздадените верзии на кратки и долги “подни платформи“, што го прават особено лесно и економично трансформирањето за специфичните професионални активност (фрижидери, фиксни и сандаци на спуштање).
Комерцијалното лансирање на новите модели почнува од средината на јануари 2010, но може да се нарачаат од крајот на ноември во Италија, а од декември и на другите европски пазари.
Торино, 16 ноември 2009 |