Пристигна новото Punto Evo кој благодарение на новите карактеристики ќе стане референца во поглед на иновацијата, безбедноста и стилот. Терминот “Evo” го истакнува напредокот во автомобилизмот кој може да го задоволи и најистенчениот вкус на корисниците веќе навикнати на новите технологии, на задоволството при возење и на телематиката на автомобилот.
.jpg)
Технолошката совршеност на Punto Evo се среќава пред сè на широката и докажана гама мотори Euro 5 меѓу кои се истакнуваат 1.3 Multijet од втората генерација и 1.4 Multiair, револуционерната технологија развиена од Fiat Powertrain Technologies и која прогресивно ќе се вградува на сите мотори на Групацијата Фиат. На овие иновативни мотори и на оние потрадиционалните се придодаваат и напојувањата bi-fuel на метан како и супереколошкиот GPL 1.4 со 77 КС за да се понуди најкомплетна и најеколошка гама на мотори во сегментот.
И понатаму во рамките на намалувањето на потрошувачката и на количеството на штетни издувни гасови се предлага системот Start&Stop – во серија на сите бензински мотори и дизел Euro5 - кој го управува привременото гасење на моторот во случај на застој во сообраќајот. Во внатрешноста на Punto Evo дебитира и новиот портабл навигатор “Blue&Me–TomTom” кој овозможува управување преку практичен touch-screen во боја, со телефонот, навигацијата за да се добијат сите неопхпдни информации во текот на возењето.
На полето на безбедноста Punto Evo ги подобрува сопствените стандарди така што нуди 7 воздушни перничиња, вклучувајќи го и она за колената на возачот: тоа е еден од малубројните автомобили во сегментот што го има овој опционал на сите нивоа на опременост. На располагање се и други иновативни додатоци како што е системот Hill-holder кој му помага на возачот при тргнување на угорнини; предните светла за магла со дополнителна функција “cornering” кои автоматски се вклучуваат со средните светла врз основа на аголот на вртење; а тука се и стандардните системи ABS, EBD (Electronic Brake force Distribution) и ESP (Electronic Stability Program).
.jpg)
И секако, Punto Evo е уште поубав благодарение на работата на Стилскиот Центар на Фиат кој комплетно го обнови ентериерот (инструмент табла, седишта, и табла) правејќи ги побогати и поелеганти преку нова надворешна линија со забележливи естетски интервенции.
Fiat Punto Evo е веќе во продажба во Македонија и пред себе има прецизно поставена цел: да се потврди меѓу лидерите во најважниот сегмент на комактни автомобили.
Технолошка иновација
Технолошката совршеност на Punto Evo се огледува пред сè со широката и докажана гама на мотори Euro 5 меѓу кои се истакнува револуционерниот систем Multiair и новите Multijet од втората генерација.
Развиена и проверена од FPT – Fiat Powertrain Technologies, технологијата MultiAir прогресивно ќе се вградува на сите мотори на Групацијата Фиат. Срцето на Multiair е новиот електро-хидрауличен систем на управување со вентилите кој овозможува намалување на потрошувачките (благодарение на директната контрола на воздухот преку всисувачките вентили на моторот, без употреба на пепрутката) и емисиите на штетни издувни гасови, контрола на согорување) подобрувајќи ги истовремено и перформансите, со повисок максимален вртежен момент и зголемена моќност.
.jpg)
Истиот резултат е постигнат и кај моторите дизел, благодарение на Multijet од втората генерација, пристуни на целата гама. Особеностите на овие мотори се новите бризгалки Common Rail кои благодарение на хидрауличен урамнотежен сервовентил, го контролираат со висок притисок количеството на вбризгано гориво во комората на согорување и со побрза и пофлексибилна секвенца на вбризгувања во однос на претходната верзија.
Гамата мотори на Punto Evo е апсолутно најкомплетна и еколошка во сегментот, со понудата на два алтернативни мотори, метан и GPL.
Во внатрешноста на Punto Evo се наоѓа последното издание на системот Blue&Me. Всушност, со “Blue&Me–TomTom” се раѓа нов систем на info-tainment комплетно интегриран кој овозможува да се управува, преку практичен touch-screen во боја, со телефонот, навигацијата и на тој начин да се добијат сите потребни информации во текот на возењето. Соработката меѓу Групацијата Фиат Автомобили и TomTom, лидер во Европа во портабл навигацијата, се интегрира со автомобилот благодарение на системот Blue&Me развиен во соработка со Magneti Marelli. Овој нов уред нуди и “eco:Drive Info”: информации во реално време за сопствениот стил на возење и сугестии за намалување на штетното влијание врз околината, како и препораки за намалување на потрошувачката преку правилна употреба на менувачот и гасот во однос на типот на патот по кој се вози.
.jpg)
Заштита на околината
Иновацијата значи и заштита на околината што за Фиат претставува еден од најважните правци во развојот на сопствените производи што му овозможува да ја има најеколошката гама во Европа. И Punto Evo не е исклучок. Тоа го докажуваат новите мотори MultiAir кои, во однос на традицијата на бензинските мотори имаат иста работна зафатнина, обезбедуваат поголема моќност (до 10%) и максимален вртежен момент (до 15%), како и осетно намалување на потрошувачката (до 10%) и емисиите на штетни гасови CO2 (до 10%), на честички (до 40%) и на NOx (до 60%).
На истиот начин моторите Multijet од втората генерација овозможуваат попрецизна контрола на дизел горивото со подобри ефекти во поглед на потрошувачките, емисиите на штетни гасови, NVH и возноста. Благодарение на новата бризгалка Common Rail која го управува внесувањето на гориво во комората се овозможува за моторите Euro 5, помала потрошувачка и CO2 во циклусот на хомологација за околу 2% и намалување на NOx до 30%.
.jpg)
И понатаму во однос на намалување на потрошувачките и емисиите на штетни гасови, новиот модел предлага систем Start&Stop – во серија на сите бензински и дизел мотори Euro5 - кој го управува привременото гасење на моторот во случај на застој и следственото повторно палење (на пример на семафор). Што се однесува до напојувањето со метан, не само моторот bi-fuel е најеколошкиот во сегментот B co само 115 g/km на CO2, туку е и најекономичен, благодарение на најмалите потрошувачки по километар: помалку од 4 евра по 100 km.
На ова се надоврзува напојувањето GPL, развиено врз основа на децениското искуство на Фиат во светот на алтернативни мотори за да се одговори на големиот пораст на овој пазар: Punto Evo GPL располага со рекордна автономија од 1.500 km во возење надвор од град и намалена потрошувачка по километар за речиси 50% во однос на бензинските мотори.
Безбедност
Punto Evo е автомобил проектиран и конструиран така да ги достигнува највисоките нивоа на полето на безбедноста. Благодарение на бројните уреди кои ги нуди моделот (во серија или опционали, во зависност од нивото на опременост) почнувајќи од оние кои гарантираат пасивна безбедност: 2 странични воздушни перничиња, 2 предни странични воздушни перничиња, 2 воздушни завеси и едно воздушно перниче за колената на возачот (еден од ретките автомобили во сегментот кој овој опционал го нуди на сите нивоа на опременост). Истото се однесува и на предните светла за магла, овој пат со дополнителна функција “cornering” - кои автоматски се вклучуваат со средните светла врз основа на аголот на вртење. Новото Punto Evo обезбедува постојано и предвидливо држење на пат, благодарение на најнапредните електронски уреди за контрола на динамичкото држење на автомобилот: од сопирачките до погонот. Тука е системот АBS co електронски коректор на кочењето EBD (Electronic Brake force Distribution) и секако ЕSP (Electronic Stability Program) заедно со системот Hill-holder кој му помага на возачот при тргнување на угорнини, на располагање на целата гама на мотори
Стил и комфор
Punto Evo е уште поубав затоа што Стилскиот Центар на Фиат комплетно го обнови ентериерот и го направи побогат и поелегантен преку најразвиениот степен на стилот “made in Italy”, а употреби и квалитетни материјали и примени посебна грижа за секој детаљ. Резултатот е светол и елегантен амбиент со целосно обновена табла, инструмент табла, простори за предмети, седишта.
Надворешноста, преку новата линија со забележливи естетски интервенции ги прави уште поинтересни предниот и задниот дел на автомобилот: браниците се поинаку пресечени, а предните и задните светла се иновативни и оригинални. Новиот дизајн на Фиат ја “зголеми” вкупната должина на 406 сантиментри, победничките карактеристики и понатаму се задржуваат во смисла на внатрешната удобност и комфор при возење. Непроменети се и надворешните димензии во ширина 169 сантиментри, и висина 149 сантиментри, како и меѓуоскинот растојание од 251 сантиментар. |